ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид денеска: Еден ден, четири годишни времиња (Фото)

Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Преубавиот Охрид, денеска, во само еден ден, ги смени сите четири годишни времиња.

Денот го започнавме со променливо облачно време, по што имавме поситни врнежи од дожд и слаб снег околу пладне, за денот да го завршиме со сонце, кое ги извлече охриѓани од домовите на прошетка покрај кејот.

Метеоролозите за утре најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

Во петок не очекува сончево време со мала до умерена облачност, а за викендот се најавува повторно наоблачување и можни врнежи од дожд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука