ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Охридскиот чинар во триесеттите години на минатиот век со кафеанчето „Теферич“ во шуплината на стеблото (Фото)

Охрид, 5. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На популарната Facebook страница Охрид кој веќе го нема, објавена е прекрасна фотографија, според администраторите датира од триесеттите години на минатиот век.

– Една фотографија од триесеттите години на минатиот век. Десно се гледа чешмата и соѕиданиот дел од малото кафеанче „Теферич“ што било сместено во шуплината на стеблото на чинарот, а пред него, седнат на маса, еден господин со бела паларија (шешир). На левата страна е тогашниот ресторан „Велика Србија“, кој подоцна стана „Ориент“, па беше бинго, забава и надеж за сиромашните, и денес „Топ Маркет“, напиша администраторот Милчо Георгиевски на објавата на фотографијата.

Станува збор за уште една прекрасна фотографија, која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Facebook Охрид кој веќе го нема

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука