Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. маченици Агатопод и Теодул

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 5-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченици Агатопод и Теодул.

Во времето на императорот Диоклецијан свети Агатопод беше ѓакон, а свети Теодул отец во Солунската црква. Првиов веќе беше во поодмината возраст. Кога започнаа прогоните, овие двајца беа изведени на суд и како и многумина други низ целото царство беа осудени на смрт само поради името христијанин.

Откако поминаа некое време в затвор, Агатопод и Теодул беа изведени и фрлени в море со големи камења околу вратот. Нивните тела, кои подоцна испливаа на морската површина, ги прибраа локалните христијани и чесно ги погребаа.

Свети Агатопод и Теодул пострадаа за Христа во 303 година. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука