Избор Култура Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Денес бесплатен влез во подружниците на Завод и Музеј Охрид

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе биде бесплатен влезот во подружниците на НУ Завод и Музеј – Охрид.

Поводот е одбележување на Светскиот ден на културното наследство, па така слободен влез за посетителите ќе има во Музеј Куќата на Робевци, Самуиловата тврдина, Музеј на вода кај Градиште и Галеријата на икони. Во соседна Струга, денеска ќе бидат отворени вратите на Националната установа – Музеј „Д-р Никола Незлобински“.

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, прогласен од ИКОМОС, а прифатен од УНЕСКО се одбележува во целиот свет, како и кај нас. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигање на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, на заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинава, фокусот е на темата „Промените на културното наследство“, која ги опфаќа прашањата за културното наследство кои се отвораат со климатските промени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука