ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид наскоро ќе биде домаќин на регионален натпревар од Првата Национална Олимпијада за Вселената

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кон крајот на месецов, Охрид ќе биде домаќин на регионален натпревар од Првата Национална Олимпијада за Вселената, настан што е предвидено да се одржи во 5 градови низ земјата, а ќе кулминира со големо финале во Скопје во септември.

Настанот ќе одржи во петок, на 28-ми април 2023 година во Охрид, а учество можат да земат ученици од следните градови и населени места: Охрид, Дебар, Дебрца, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа. Истите ќе можат да се пријават преку официјалниот формулар за аплицирање.

Организаторите на овој настан, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондација Голдилокс Скопје, со поддршка на Амбасадата на САД, имаат за цел да го поттикнат интересот кај учениците за STEАM вештини и да им дадат можност да станат „Граѓани Научници“ преку трансфер на знаења и искуства од претходни учесници и ментори на хакатоните NASA Space Apps Challenge. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука