Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во првиот квартал од годинава во Охрид се отвориле 64 нови фирми

Скопје/Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во првиот квартал од годинава отворени се вкупно 1.832 фирми, од кои 64 во Охрид.

Тоа е за околу 150 помалку отколку во истиот период лани, кога имало 1.983 новоотворени компании, покажува анализата на Пари во соработка со платформата Бизнис мрежа.мк.

Овој податок ја отсликува неизвесноста со енергетската криза и другите економски последици од војната во Украина, кои од крајот на минатата година предизвикаа уште поголема воздржаност на инвеститорите отколку во 2021 година, кога светот уште беше под големо влијание на пандемијата со корона-вирусот.

Во Скопје, во првиот квартал од годинава се отвориле 844 фирми, или 46 % од вкупниот број на новоотворени компании. Оваа бројка покажува поголема концентрација на новоотворените фирми од лани, кога за цела 2022 година, уделот на новоотворени компании во Скопје во вкупниот број на новоотворени компании во Македонија бил 38,8 %. На второ место по број на новоотворени фирми е Битола, со 88 нови фирми, но иако е на таа позиција, тоа е скромен удел од 4,8 % на новоотворени фирми во вкупниот број на фирми. На трето место е Тетово, со 76 фирми, а потоа се Охрид, со 64, и Куманово, со 60 новоотворени фирми. (Крај)

извор: Пари фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука