Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонската традиционална таеквондо федерација дел од Европската елита во Језоло, Италија

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската традиционална таеквондо федерација деновиве учествува на Европското таеквондо ИТФ првенство во Језоло, Италија.

Боите на нашата држава под водство на претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски ќе ги бранат седум искусни натпреварувачи:

Софија Колушоска, црвен појас, ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини,форми за црвен појас, борби – 50 кг. (државен првак )
Хриситјана Парулеска, црн појас I дан, во девојчиња 11-14 години во две дисциплини, форми црн појас I дан, борби – 50 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
Давид Крстески, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 55 кг. (државен првак и актуелен вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)
Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во спаринг борби – 60 кг.(државен првак )

Можно е да е слика од 9 луѓе и луѓе изведуваат боречки вештини
Елена Јанеска, црн појас I дан, во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 70 кг. (државен првак и актуелна вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)
Давид Велковски, црн појас I дан, во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 71 кг.(државен првак)
Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан, ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 85 кг. (државен првак ).

– При подготовките го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати. Тројца од нашата екипа се во одбрана на минатогодишниот успех од Европското првенство во Европа, каде станаа Европски вицешампиони. Се надеваме дека сите ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман. Голема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал”, како и до Општина Охрид, Лазаревски.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука