Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Дедовиќ: Охрид е место на убавината како вистина

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Место на убавината како вистина. На ова место чувствувам мистична моќ како во теќето на Благај или над градините на Алхамбра. Инспириран од бескрајна љубов, тоа сè уште знае како да создаде бесмртна убавина, пишува за преубавиот Охрид, познатиот српски новинар, поет, преведувач и уредник Драгослав Дедовиќ за Online Vijesti.

– Денот е сончев, западно- македонскиот автопат Мајка Тереза ​​е скоро празен. Само што го поминавме Скопје, снежните врвови на Шар Планина блеснаа на хоризонтот. Поминуваме низ Тетово и Гостивар, се искачуваме преку карпите што го одделуваат Охридското Езеро од остатокот од земјата – автопатот е во фаза на изградба. Пејзажите сугерираат дека сме во Швајцарија, но квалитетот на патот не враќа во балканската реалност. Охрид не‘ пречекува со катни згради во предградијата кои не ветуваат повеќе од другите слични места. Но кога ќе погледнеме од станот од седмиот кат низ прозорецот, пред нас се појавува „македонското море“, езеро меѓу планините, како да излегло од бајка. Лево е широко шеталиште кое води сè до изворите на Билјана, а десно е стариот градски рид со црквите и sидините на Самуиловата тврдина. Луѓето претежно носат медицински маски. Полициските службеници запираат некого и пишуваат нешто. Ова е пандемиска година, која на охридската убавица и дава бизарна нота, пишува Дедовиќ, пренесе maskimagazin.faktor.mk.

Тој ги апострофира и останатите убавини на древниот Охрид, црквите, љубезните домаќини, но и храната и сите останати посебности, кои го издвојуваат од многу поголеми и попознати туристички дестинации ширум светот. (Крај)

извор: maskimagazin.faktor.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука