ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Агрон Речи од подрачната единица Охрид именуван за Државен правобранител на Република Македонија

Скопје/Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Макеоднија денеска донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас.

Новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.

По професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Alsat M

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука