Забава Избор

Викенд во клуб Rebel: Сабота со Dj Goce С.А.Ф.

Охрид, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со настапот на Dj Goce С.А.Ф., во сабота, на 22-ри април во клуб Rebel.

Dj Goce се занимава со Hip-Hop музика уште од почетокот на 90-тите години, а веќе во 1993 година неговата група С.А.Ф. го пушта своето прво демо на радио. Во 2000 година го издаваат албумот „Сафизам“, целосно продуциран од Dj Goce. Во 2015-та С.А.Ф. одбележува 15 години од „Сафизам“, со распродаден концерт во Скопје. Покрај забележителните музички сетови во најпопуларните клубови во земјата и надвор од неа, Dj Goce продуцира многу локални македонски и регионални изведувачи во текот на годините. Во 2016 година заедно со Dj Chvare и Hypertech го формираат промотивниот тим Funky Fresh, за да донесат свежина на ноќниот живот во родниот град и прават настани со Propo’88, Dj Skill, Фондацијата Gang Starr, Dj Angelo, Large Pro, Diamon D, Jeru the Damaja и др. Dj Goce работи и на бројни проекти во студио, продуцира видеа и песни за меѓународни и локални артисти.

Викендот во клуб Rebel започнува со настапот на Leonidas Lypiridis Dj STK во петок, на 21-ви март 2023 година.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука