Забава Избор

„Ме боли“, одличен нов сингл за Miyatta и Фолтин (Видео)

Скопје, 18. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Ме боли“ е насловен одличниот, нов сингл за Miyatta и групата Фолтин.

– Станува збор за музичка соработка со франкофонските побратими од Битола, групата Фолтин, моја авторска француско-македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во студиото „Алшар“ во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував, и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет. Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов „C’est joli“, која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот, вели Miyatta.

Видео записот е снимен во соработка со универзитетот „Европа Прима“. Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, беше задолжен за снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука