Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Упокојување на Методиј Солунски

Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 6-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Упокојувањето на Методиј Солунски.

Светителските празници редовно се определуваат според денот на упокојувањето на светителот. Зашто тоа е денот на нивната лична пасха, нивниот личен премин од смрт во живот, зашто тие, исто како и Христос, во себе го носеа најизобилниот живот, пред кого смртта останува немоќна.

Денешниот празник е празникот на личната пасха на едниот од двајцата словенски просветители, празник на личната пасха на свети Методиј Солунски. Инаку, тој се слави заедно со својот брат Кирил на нивниот заеднички празник на 24-ти мај. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука