Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 14. степени

Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Во следните денови времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука