Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот Црвен крст организира обука за негователи на стари лица и лица со попреченост

Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на верификација на посебна програма на Центарот за образование на возрасни и решението од страна министерството за образование и наука, охридскиот Црвен крст распиша конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните лица од Охрид и Дебрца може да аплицираат заклучно со 5-ти мај годинава.

Можно е да е слика од еден или повеќемина

– Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено минимум средно образование; да се со општа психо-физичка и здравствена способност за работа; да бидат мотивирани да нудат помош и нега на стари лица и лица со попреченост; да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Центарот за нега при Црвен крст Охрид. Од документи потребно е уверение за државјанство, документ за лична идентификација (лична карта, пасош) и доказ за завршено образование. Заинтересираните кандидати можат да се пријават и искажат интерес на телефоните: 046 261 909 и 070 315 309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk,а потребните документи треба да ги достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, најдоцна до 05.05.2023 до 15 часот, информираат од Црвениот крст.

Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со признат високообразовен сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост и ќе имаат можност да бидат ангажирани како негуватели во Нега Центарот на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука