Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од 8-ми до 10-ти мај Охрид ќе биде домаќин на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол

Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 8-ми до 10-ти мај Охрид ќе биде домаќин на јубилејната 50-та Европска регионална конференција на Интерпол

Ова е за првпат досега, да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

ИНТЕРПОЛ е најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот. Организирањето на конференцијата доверена на Република Македонија се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј – 30- годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Можеби е графика на текст кој вели „19 YEARS ANS 1923 INTERPOL INTERPOL OHRID, NORTH MACEDONIA 2023 50TH EUROPEAN REGIONAL CONFERENCE“

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, при тоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука