Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Малолетничка од струшко село извршила кражба во продажен објект во Струга, одземеното вратено на сопственикот

Струга, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти април 2023 година, во 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетничка од струшко село.

– Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект во Струга, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а со малолетничката бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука