Забава Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Тинејџерка ја нарушува брачната идила на двојка во викенд куќа во Охрид: Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“

Скопје/Охрид, 19. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Објавен е трејлерот за новиот македонски филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова, кој од 27-ми април ќе се прикажува во македонските кино сали.

Филмот е драма делумно инспирирана од вистински настани.

– Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот, вели Елеонора.

Улогите во „Преекспонирано“ ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов и Сара Климовска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука