Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Велигденски фестивалски денови во Охрид

Охрид, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението „Мултикултурна интернационална организација за фолклорни фестивали“ (МИОФФ) од Охрид, утре во Охрид ќе се одржи фолклорниот фестивал „Велигденски фестивалски денови во Охрид“.

Фествалот традиционално, секоја година се одржува првиот викенд после големиот христијански празник Велигден.

– За таа цел ги покануваме сите љубители на убавата игра и песна да уживаат пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид од 17:30 часот каде заедно ќе го проследиме 7-то издание фестивалот каде ќе учествуваат 6 фолклорни ансамбли од Грција, Србија и Бугарија со повеќе од 200 учесници, информираат од МИОФФ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука