Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Христијана Парулеска освои сребро на Европското првенство во ИТФ Таеквонодо во Италија

Јесоло, 20. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонската репрезентација во традиционално Таеквондо е во Јесоло, Италија каде учествува на Европско првенство во ИТФ таеквонодо.

Нашата репрезентација имаше успешен старт и веќе освои еден медал. Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребро. Инаку на првенството учествуваат 7 репрезентативци.

– На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство, репрезентација го освои првиот медал. Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот на македонската МТТФ репрезентација, Марјанчо Лазаревски.

На Европското првенство што ќе трае до 24-ти април, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија, Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија и други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука