ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Светски ден на планетата Земја: Инвестирај во нашата планета!

Охрид, 22. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата. Оваа година темата е реставрација на планетата, а главниот фокус е ставен на обнова, преродба и почнување нов циклус.

И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата. Граѓаните кон оваа акција за подобра, почиста и поздрава планета можат да се приклучат купувајќи паметно со рециклирање и постојано едукација. Тие се советуваат секогаш со себе да носат торба за пазарење наместо да купуваат ново ќесе, да избегнуваат производи чија амбалажа е составена од премногу пластика и најлонски обвивки за да се намалите количеството на отпад кое го создавате, да го купуваат она што им е потребно.

Оваа година главната порака е „Инвестирај во нашата планета!“

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22-ри април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука