Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Локвенец – Планирано е железничко поврзување со скопскиот и охридскиот аеродром

Охрид, 22. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека е планирано железничко поврзување со скопскиот и охридскиот аеродром е помеѓу најчитаните на Facebook профилот на OhridPress деновиве.

Заради регионално поголема железничка поврзаност на државата се размислува на поврзување на коридорите Xd и VIII. Имено, од железничката станица „Бакарно Гумно“ која се наоѓа меѓу Прилеп и Битола, во овој момент има индустриски колосек до Сопотница, во правец на Демир Хисар, истакна во интервју за порталот Локално директорот на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Хари Локвенец, кој додаде дека со овој проект се планира и поврзување на Охрид и охридскиот Аеродром.

Читателите на OhridPress во најголем број искажуваат сомнеж во реалните можности за остварување на оваа најава, особено ако се има во предвид брзината со која се прави актуелниот автопат Кичево-Охрид, или најавените зафати на Бехтел и Енка. Политичарите како да подзабораваат дека со вакви ветувања не тренираат со децении и дека овие граѓани веќе се комплетно свесни за состојбата во која се наоѓа државата, кој тоа не води со децении и како реално функционира општеството и во најситните пори. Бараат сериозност во изјавите, реални проекти и нивно брзо и квалитетно остварување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука