Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 18. степени

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени. Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука