Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бројни награди за охридските музички таленти на XV Меѓунарoден натпревар „Giovani musicisti“ во Тревизо, Италија

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на млади музичари од повеќе од 15 држави од целиот свет, викендов во Тревизо, Италија се одржа XV Меѓунарoден натпревар „Giovani musicisti“.

Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ „Методи Патче“, постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди помеѓу врсниците од Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др.

– Од класата по пијано на Проф. М-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја Крстаноска освои прва награда во категоријата родени 2015 година. Ученичката Ана Кузманоска освои трета награда во категоријата родени 2009-2011 година. Од класата по флејта на Проф. М-р Нина Момировска, ученичката Ива Чанова освои трета награда, во категорија родени 2006-2008 година. Во оваа категорија беше доделена една прва награда, втората награда не се додели, а третата награда и’ припадна на нашата претставничка, информираат од ООМУ „Методи Патче“.

Додаваат дека и покрај големата конкуренција и високите критериуми на оценување, сите три наши натпреварувачки биле забележани од реномираното жири кое им упатило пофални зборови, како мотив и инспирација за идни достигнувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука