„Срамизам“: Рекламна табла фрлена во езерото
Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ сведочи за случај кога е фрлена во езерото една од таблите со која сопствениците на катамараните ги рекламираат своите услуги пред гостите.
Истата некој, од само нему познати причини, ноќеска ја фрлил во езерото.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |