Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Компанијата „Ховер крафт адриа“ донираше специјализирани подлоги за физички активности во ООУ „Климент Охридски“ и „Григор Прличев“

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска беше презентирана новата донација од компанијата „Ховер крафт адриа“, а тоа се „Ер Трекови“, односно специјализирана подлога за физички активности. Оваа компанија донира две вакви подлоги едната во ООУ „Климент Охридски“, а другата во ООУ „Григор Прличев“.

Компанијата „Ховер крафт адриа“ свој прозиводствен погон отвори неодмна во Охрид, а доаѓа благодарение на нашите заложби и лобирања за инвестирање во Охрид. Благодарение на коректниот однос на кој наидоа, менаџментот на компанијата донесе одлука за почеток, да донира две специјализирани подлоги.

– Тука сакам да ја изразам мојата благодарност и да порачам и другите компании да го следат нивниот пример. Нашите заложби за привлекување на компании да инвестираат во Охрид, продолжуваат. Тоа го манифестираме преку градење партнерски односи и давање на поддршка во рамки на нашите ингеренции.
Ние како одговорна Локална самоуправа, постојано се грижиме и вложуваме во образовнието и развојот на децата. Затоа, вакви подлоги ќе набавиме и за останатите училишта на територија на Општина Охрид. Изминатите денови набавивме топки за сите видови спортови, а пред велигденските празници и официјално го ставивме во употреба реконструираното повеќенамесно игралиште во склоп на училиштето „Св. Климент Охридски“. Покрај подобрувањето на условите, тука е и поддршката на учениците преку стипендиите во повеќе категории, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука