ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нафтена дамка во каналот „Студенчишта“ (Фото/Видео)

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress попладнево до нашата редакција испратија фотографии и видео од нафтена дамка во каналот „Студенчишта“.

Станува збор за потегот над мостот, кон Езерската полиција, каде од самото видео е видлива голема дамка, која најверојатно е од нафта или некое друго масло, кое се излеало во каналот.

Ова не е прв ваков случај и граѓаните, кои ги испратија до нас материјалите, апелираат на поголема грижа и од корисниците на пловните објекти, но и од одговорните лица за да се спречат слични инциденти во иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука