Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 13. степени

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Денес ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Во следните денови ќе биде претежно стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука