Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Отуѓена земја“, нова песна на Стиховен Калибар, Валтер и Аго

Скопје, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Капе од кров се спрема АСНОМ нов, кучиња се пуштени започнат е лов, отуѓена земја, но сите сме на број, битка света за вистини свои…

Вака пее во новата песна „Отуѓена земја“ Стиховен Калибар, заедно со Валтер и Аго.

Музичарите повторно испраќаат силни пораки за состојбата и времето во кои живееме, како и за луѓето кои не доведоа до тоа.

Во песната која е дел од албумот „Модерни робови“, е користен и извадок од семејната драма „Диво Месо“ на Горан Стефановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука