ЕКОЛОГИЈА Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Претставници на УНЕСКО и Бернската конвенција во посета на Охрид и Струга

Охрид/Струга, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Мисијата на претставниците на Бернската, Рамсарската и УНЕСКО конвенциите во нашата државата во врска со Отворениот фајл за: Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и НП „Галичица“ – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата, денеска и утре се посета на Охрид и Струга.

Предводена од извршниот секретар на Бернската Конвенција Микаел Путиерс, ќе го посетат НП „Галичица“, општините Охрид и Струга, а ќе се оствари и теренска посета на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и охридското и струшкото крајбрежје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука