ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден увид во Студенчишкиот канал каде вчера беше регистрирана нафтена дамка (Видео)

Охрид, 26. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашната објава на OhridPress дека во Студенчишкиот канал повторно е забележано загадување на водата, извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

На увидот е изготвена фото-документација, а согласно регулативата ќе се покрене соодветна постапка.


Ова не е прв ваков случај и граѓаните апелираат на поголема грижа и од корисниците на пловните објекти, но и од одговорните лица за да се спречат слични инциденти во иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука