Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. Мартин Исповедник

Охрид, 27. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 14-ти март, денот кој православните верници го слават како ден на Св. Мартин Исповедник.

Свети Мартин живеел во седмиот во седмиот век, во Рим. Неговиот живот, исто како и животот на свети Максим Исповедник го одбележа борбата против еретиците монотелити.

Императорот Констанс, кој ги поддржуваше еретиците го симна Мартин од катедрата и го доведе на суд во Цариград.

Оттаму беше испратен на заточение во Херсон (денешен Крим) каде по две години се упокои, до крајот останувајќи верен на вистинското исповедување, подоцна потврдено на вселенски собор. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука