Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 16. степени

Охрид, 27. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Утре ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. За време на викендот и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура до недела ќе биде во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука