Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Убавините на Охрид претставени на Саемот за туризам и спорт во Приштина

Охрид, 27. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид деновиве учествува на Саемот за туризам и спорт, што се одржува во Приштина, Република Косово.

Помеѓу големиот број на излагачи од регионот, штандот на Општина Охрид предизвика голем интерес, како од туристички, така и од спортски аспект.

Штандот го посетија заменик министерката за култура и спорт на Косово, претседателот на олимпискиот комитет на Косово, престседателот на туристичка комора на Косово и многу други. Посетителите покажаа интерес за туристичката понуда на Охрид, а воедно и за спортските активности кои се одржуваат во Охрид.

Посебна промоција се направи за новиот спортско-туристички настан „Ohrid Water Festival“, кој во Охрид ќе се одржи од 18-ти до 27-ми август, при што беа остварени средби со организации од областа на спортот кои би зеле учество на активностите во рамките на фестивалот.

Саемот е одлична можност за презентација на туристичката понуда на косовскиот пазар како и можност за остварување на соработка и на спортски план. Покрај овој фестивал, промовирани беа и други спортски настани кои во наредниот период ќе се одржуваат во Охрид, како „Охрид Трчат“, фудбалски, кошаркарски турнири и други спортски манифестации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука