Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 17. степени

Охрид, 28. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– За време на викендот и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има зголемена облачност, со услови за краткотраен дожд кој во недела и понеделник на места ќе биде пороен и проследен со ретки грмежи. Дневната температура до недела ќе биде во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука