Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Парада „Перфектно различни“ во центарот на Охрид

Охрид, 30. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Завршуваат активностите од годинешниот циклус Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ).

Преку 50 млади од Клубот на млади при Црвен крст Охрид изработуваат проектни активности насочени кон помош на ранливите категории во нашата заедница.

– Една од ПХВ групите на вредни и хумани младинци која работи со деца со попреченост организира настан-парада под мотото „Перфектно различни“, која ќе се реализира денеска, недела, 30-ти април, со старт во 12:00 часот од плоштадот „Крушевска Република“ – Чинар. На парадата можат да учествуваат сите заинтересирани наши сограѓани, кои заедно со лицата со попречености ќе парадираат низ охридската чаршија за на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ да поминат на, за оваа прилика поставениот „црвен тепих“ и продолжат со дружење и забава со лицата со хендикеп. Ве очекуваме во недела, сите заедно да упатиме силна порака и покажеме дека различностите зближуваат, порачуваат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука