Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

ШК „Ласкер“ од Охрид првопласиран на квалификациите за Втора лига, Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023 година

Скопје/Охрид, 4. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Шаховската федерација на Република Македонија, во два термини, 27-28 мај и 03-04 јуни 2023 година, во хотел „Континентал“ во Скопје, се одржаа Квалификациите за Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023 година.

На квалификациите учествуваа 15 екипи, кои играа по Швајцарски систем од 6 кола, три кола во првиот предвиден термин и три кола наредниот термин.

ШК „Ласкер“ Охрид го освои првото место на квалификациите за Втора лига – Екипно првенство за мажи на Македонија за 2023 година и се избори за учество на екипата на првенството кое ќе се одржи од 30 јуни до 03 јули 2023 година во хотел „Дрим“ во Струга. Во истиот перод женската екипа на ШК „Ласкер“ од Охрид ќе игра и квалификации за Прва лига – Екипно првенство за жени на Македонија за 2023 година. За машката екипа на ШК „Ласкер“ Охрид настапуваат: Гоце Шапкароски, Александар Алексовски, Константин Лушески, Љупчо Попаѓоски, Никола Николовски, Михаил Николовски, Ерол Су, Андон Колоски, Ванчо Видиќески и Горан Усовиќ. За женската екипа на ШК „Ласкер“ Охрид ќе настапат: Наташа Лосковска, Елена Лушеска, Емилија Лушеска и Емилиуја Целеска, информираат од клубот.

ШК „Ласкер“ Охрид е финансиски поддржан од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука