Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за локален дожд попладне и температура до 23. степени

Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Денес и утре во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Услови за краткотраен дожд со ретки грмежи ќе има и во следните два дена, а поинтензивни процеси повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука