Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Игор Џамбазов има нова песна „Дебела сенка“ (Видео)

Скопје, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Дебела сенка“ е насловена новата песна на легендарниот Игор Џамбазов, која е пилот сингл од неговиот нов албум, кој е заедничко дело со Гуру Харе наречен „Првите триесет“.

Песната е сосема во препознатливиот стил на Игор со сериозен осврт врз состојбите во кои живееме во моментов во државата. Премиерно беше објавена во етерот вчера на Радио Бубамара.

Музиката и текстот за новата песна се на Игор Џамбазов, аранжманот е на Игор Атанасоски Харе и Мите Димовски, а е снимена во студиото „Тра-ла-ла“ во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука