Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Во тек е пријавувањето за 48-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Охрид, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) -Во тек е пријавувањето за 48-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден“ што секоја година се одржува во селото Мешеишта.

Tурнирот започнува на 20-ти јуни,а екипите ќе можат да се пријавуваат до 18-ти овој месец. За учество на турнирот секоја екипа треба да плати по 3.000 денари.

– Распоред на екипите во групи ќе се врши на 19.06.2023 година во 21:00 часот. Ве молиме да го запазите терминот за пријавување до 18.06.2023, до 21:00 часот, кај Антонио на 071/359 – 575. По овој рок нема да се врши пријавување, информираат од организациониот одбор „Петровден“ од село Мешеишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука