ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на булевар „Туристичка“ (Фото)

Охрид, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи попладневно, нешто по 15:30 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувало возило марка „Ауди“ и товарно возило.

Незгодата во која е причинета поголема материјална штета се случи во близина на пешачкиот премин пред „Халк“ банка и Скалестата зграда.

Од СВР Охрид најавија повеќе информации во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука