Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Парламентарна делегација од економскиот совет при чешкиот парламент во посета на Општина Охрид

Охрид, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Парламентарна делегација од економскиот совет при чешкиот парламент денеска оствари посета на Општина Охрид, при што се сретна и со градоначалникот, д-р Кирил Пецаков.

– Делегацијата беше составена од претседателот Михал Кортиш и членовите Ондреј Фебер, Мирослав Плевни и Ростислав Костил. Дел од делегацијата беа и амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Н.Е. Јарослав Лудва и конзулот на Република Чешка, Давид Чернохорски. Во склоп на делгацијата беше и претставникот на стопанскиот сектор од Чешка, Михал Вит. Разговаравме за продлабочување на соработката на повеќе полиња и пренесувања на искуствата. Особено драго ми беше што сите членови на парламентарната делегација претходно обавувале градоначалнички функции. Средбата ја искористивме за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и „Смарт ФинТехнологиес“. Потписници на меморандумот бевме, јас како градоначални во име на Општина Охрид и Михал Вит од компанијата „Смарт ФинТехнологиес“, информираат од Општина Охрид.

Со меморандумот се опфаќа соработка во понатамошниот развој на „Касарна Хаб“, овозможување пријатна бизнис клима за чешките компании, поддршка во економскиот развој, заедничка поддршка за иновативни бизнис идеи во рамки на „Касарна Хаб“ и поддршка во активирањето на локалната бизнис заедница.

– Исто така предвидено е со меморандумот да се разменуваат искуства помеѓу охридските компании и компаниите од Чешка. Сите заеднички се согласивме дека овој конкретен чекор е почеток во продлабочувањето на соработката со Република Чешка, стои во информацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука