Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Свети апостол Карп

Охрид, 8. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети апостол Карп.

Еден од седумдесетте. Следбеник и придружник на светиот Апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Го проповедаше Евангелието и на Крит, каде што го прими во својот дом свети Дионисиј Ареопагит.

За него свети Дионисиј сведочи дека бил човек украсен со чист ум, кротост и незлобливост и дека во видение му се јавил Самиот Господ Исус Христос со Своите Ангели и никогаш не ја почнувал Светата Литургија ако немал претходно небесно видение.

Заради името Христово претрпе многу напасти. Најпосле, пострада од неверните Евреи коишто го убија, па се пресели со душата во Царството Божјо за вечно да се насладува гледајќи Го Господа во слава. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука