Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Над 190 правници и судски експерти во Охрид, дебата на тема „Заштита на лични податоци“

Охрид, 8. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Над 190 правници и судски експерти во Охрид од денеска ќе дебатираат и ќе разменуваат искуства на Правна конференција на тема „Заштита на лични податоци“, во ко-организација на Здружението на правници и македонското консултантско друштво АЦТ.

– Над 210 гости од земјава и од странство во текот на тридневната конференција ќе добијат нови информации за најновите судски пракси на Европскиот суд на правдата во областа на заштита на личните податоци. Предавач на темата ќе биде истакнатиот правник Клер-Агнес Марниер, Европски супервизор за заштита на податоците од Брисел, Белгија, соопштија организаторите.

Нема достапен опис.

Помеѓу останатите теми на кои ќе се оддржуваат работилници е и панелот наменет за Правата на одбраната и оштетениот во истражна постапка, на кој ќе говорат јавниот обвинител Фатиме Фетаи, Катерина Коларевиќ, судијата Ненад Савески, адвокатот Дељо Кадиев, како и универзитетскиот професор Гордан Калаџиев.

Најавена е и презентација за примери од добра пракса од европското потрошувачко право, како и студии на случаи и нови трендови во заштита на поптрошувачите и зелената транзиција, што ќе ја има Кристоф Берне, експерт за потрошувачко право на Европската унија од Париз, Франција.

Тема со која ќе се затвори правната конференција ќе биде дебатата посветена на новините во Законот за спречување перење пари и финансирање. (Крај)

извор: Бизнис вести фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука