ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Попоски: Ќе имаме доста нестабилно лето без поголеми топлотни бранови (Видео)

Охрид, 8. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нестабилното време што го имаме подолг период наназад ќе продолжи и понатаму, изјави денеска во гостувањето во емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио метео прогнозерот Славчо Попоски.

Атмосферата ќе биде нестабилна, со честа појава на попладневен локален, на некои места пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

– Поради големата енергија во атмосферата, локално, процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на невреме со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време и со појава на град, вели Попоски.

За претстојното лето, анализите и прогнозите на Попоски покажуваат дека ќе имаме доста нестабилно лето, како во Македонија така и во регионот.

– Чести врнежи, грмежи, временски непогоди, сé на сé нема да имаме лето како што треба, рече Попоски и додава дека сепак тоа нема да значи дека ќе ги нема препознатливи летни денови, но ќе бидат на периоди и без поголеми топлотни бранови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука