Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Отворена изложба во Охридскиот архив по повод Денот на Архивите

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во подрачното одделение на Државниот архив Охрид денеска бше отворена изложба посветена на меѓународниот ден на Архивите – 9-ти јуни.

– Изложбата која е од отворен тип ќе трае од 9-ти до 16-ти јуни 2023 година и ќе биде поставена во дворот на институцијата каде ќе бидат изложени репродукции на документи и фотографии од културниот и општествениот живот во градот и пошироката околина. Изложените материјали се прилози во личните и институционални архивски фондови кои ги поседува одделението а нивната селекција и подготовка ја спроведе одделението за средување и обработка при ДАРСМ – ПО Охрид, информираат од Државниот архив Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука