Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претпладне сончево време со услови за локален дожд попладне и температура до 26. степени

Охрид, 10. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за локален дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– За време на викендов и во почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука