Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Трибина на партијата Левица: „Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби“

Охрид, 10. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на партијата Левица, денеска, сабота, 10-ти јуни 2023 година, со почеток во 17:00 часот, во хотелот Unique во Охрид ќе се одржи трибина на тема: „Охрид – Град на светско природно и културно наследство или град на дивоградби“.

– За алтернативни решенија за заштита и развој на нашиот туристички бисер, како и заштитата на непроценливото културно и природно наследство ќе говорат проф. д-р Трајче Талевски – претседател на Советот на ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид и член на иницијативата „Охрид SOS“, проф. д-р Панче Велков – визитинг-професор по стандарди за заштита на културното наследство при Академијата на Институтот за ликовни уметности од Чикаго и м-р Андреа Јанков – магистер инженер архитект и претседател на организацијата „Го сакам Водно“, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука