ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков: Ова што му се прави на Охрид нема смисла, 7 години не помрдна „автопатов“, сега на почеток на туристичка сезона се затвора влезот на Охрид и се пренасочува сообраќајот по стариот пат (Видео)

Охрид, 10. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ова што му се прави на Охрид нема смисла. Ниту идеја, ниту желба уште помалку реализација, реагира градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, откако вчера, поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на потегот Подмоље-Охрид започна да се пренасочува по стариот пат Охрид-Струга.

– Седум години не помрдна „автопатов“, сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен. Заради тоа што не исперцепиравте и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности, вели Пецаков.

Тој додава дека, без разлика што не ја почитуваат локална самоуправа, во неколку наврати го докажале тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечат одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да се покаже чувство и ова лудило веднаш да прекине да важи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Шило магазин

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука