Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 22. степени
Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремен дожд.
Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |