Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„И јас и ти сме пешаци“, превентивна активност на СВР Охрид и РСБСП

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид денеска на неколку локации во Охрид, во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведоа превентивна активност насочена кон безбедноста на пешаците во сообраќајот.

На возачите им беше укажано дека секогаш треба да им се дава предност на пешаците, но и на пешаците им беше укажано дека мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи односно да се движат по тротоар, да ја поминуваат улицата на обележани премини…

– На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина, информираат од МВР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука